![Груевски ЕПП](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/Gruevski-EPP.jpg?resize=640%2C382&ssl=1)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Брисел во вторникот имаше обраќање денешната конференција на Европската народна партија (ЕПП) посветена на интеграцијата на државите од Западен Балкан.
На конференцијата освен Груевски учествуваа европратеникот Елмар Брок, европратеник и поранешен претседавач со комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент, Игор Црндак, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Љумзим Баша, претседател на демократската партија на Албанија, Дубравка Шуица, заменик претседавач на комитетот за надворешни работи на ЕП и европратеникот Туне Келам.
Груевски пред обраќањето на конференцијата се сретна претседателот на ЕПП, Жозеф Дол на која, како што рече, ги афирмирал позициите за членство во НАТО и Европската Унија.
„Имав средба со Жозеф Дол на која практично се обидов да му ја пренесам состојбата во Македонија од март, кога последен пат се видовме со него на Малта, односно се што досега се случуваше и она што се очекува. Во разговорот со него ги реафирмирав нашите позиции за членство во НАТО и во Европската унија и да му укажам на тоа дека Македонија премногу чека и дека тоа не е добро ниту за државата, ниту за регионо“, рече Груевски.
Додаде ека со ЕПП имаат чести контакти, размена на информации, а оваа средба со Дол била искористена за да се разменат информации и да се искористи можноста за лобирање за Македонија да оди напред.
Во рамки на посетата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна и со европратеникот Милан Звер.