
Според Институтот за јавно здравје, минатата недела пријавени се 1.142 новозаболени од грип, што е помалку за 34,7 отсто во однос на претходната недела.
Засега нема регистрирано смртен случај, а лабораториски се анализирани 10 материјали, кај кои постоело сомневање за грип, Седум од нив биле позитивни.
Оваа сезона од грип се разболеле 27.552 лица. Постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи во сезоната за 25 проценти, а во однос на просекот за 10-годишниот период се регистрира зголемување за 58 проценти.
Сезонава од грип починале 12 лица, а најголем број заболени се регистрирани во февруари.
Најмногу заболени имало во Скопје (3.928) и во Прилеп (3.822), а најголем морбитет е регистриран во Кавадарци.
Најпогодени од грипот биле лицата од 15 до 64 години, а најмалку децата до четиригодишна возраст.