Во двојниот терористички напад во Техеран осум мртви (ФОТО)

Вооружени лица упаднаа во средата утрото во Меџлисот (парламентот) и во Мавзолејот на ајатолахот Рухол Мусави Хомеини, творецот на Исламската револуција од 1979 година, на југот од иранската престолнина Техеран, при што во координираниот истовремен напад се убиени осум лица а уште 33 се ранети, јавуваат иранските медиуми.

Новинската агенцја Tasmin, според непотврдени информации, јави дека напаѓачите земале во заложништво четири лица во зградата на парламентот. Според агенцијата Fars, меѓу напаѓачите имало еден бомбаш самоубиец, кој подоцна се разнел на четвртиот кат од зградата.

DBtNerFXcAE8yPY

Уште еден учесник во престрелката со обезбедувањето, највројатно успеал да се извлече од зградата на парламентот и да отвори оган на улицата. Според разни извори на агенциите, имало вкупно тројца или четворица напаѓачи, тројца пукале а еден се разнел со бобма. Засега во медимите има информации дека е ликвдиран еден од нив, но засега таа инфроамција властите не ја потврдуваат.

Пратениците се евакуирани од зградата на парламентот, и меѓу нив нема настрадани.

Тројцата напаѓачи, еден вооружен со пиштол а другите двајца со автоматски пушки „калашников“, извршиле напад во центарот на главниот град Техеран, изјави пратеникот Елиас Хазрати за државната телевизија.

Друг пратеник кој сакал да остане анонимен изјавил дека безбедносните сили опколиле еден од напаѓачите. „Бев во парламентот кога избувна престрелката. Сите беа шокирани и уплашени. Видов двајца мажи како неселективно пукаат“, изјавил новинар кој, исто така, сакал да остане анонимен.

Кусо време по нападот во парламентот, напаѓач отворил оган во Мавзолејот на ајатолахот Хомеини, и притоа ранил повеќе лица, јави иранската телевизија на англиски јазик Press TV. Државната агенција IRNA пренесува изјава на функционер дека во мавзолејот напаѓачот се разнел со бомба откако пукал врз луѓето.

 

3406fe3e-800e-4b04-bd74-31ce26e66c15

Агенцијата Mehr наведува дека со бомба се разнела жена самоубиец, како и дека двајца напаѓачи се уапсени. Претходно беше објавено дека во близина на мавзолејот била откриена уште една експлозивна направа којашто е неутрализирана.

Гувернерот на Техеран, Хосеин Хашеми, изјавил дека еден од напаѓачите во мавзолејот се разнел со бомба, еден бил убиен од безбедносните сили, а дека другите се уапсени, пренесе државната телевизија IRIB. Хашеми, исто така, рекол дека еден работник е убиен во тој напад, а дека засега непозната бројка луѓе се ранети во тој напад

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, којашто шиитите ги смета за отпадници од верата, а шиитите се доминантни во Иран, ја презема одговорноста за двата напада, пренесова западните агенции. Подоцна иранската агенција Fars објави дека таквата објава е повлечена од интернетските страници кои ги користи Даеш (арапски акроним за Исламската држава).