
Бомбаш самоубиец во петокот активирал појас со експлозив на пазар источно од шиитскиот свет град Карбала, при што загинале најмалку 30 луѓе, а раените се уште 25 лица, соопштија ирачките безбедносни сили.
Според првичните инфорамции жена бомбаш самоубиец се разнела во местото Мусајаб, источно од Карбала. Нападот бил изведен на пазар во чијашто близина имало автобуска станица, соопштија безбедносните сили.
Одговорноста за овој напад преку својата новинаска агенција Amaq ја презема ултрарадикалнта сунитска организација Исламска држава којашто ги смета шиитите за отпадници од муслиманската вера и постојано врши напади врз припадниците на оваа заедница
Карбала, којашто се наоѓа околу 110 километри јужно од ирачката престолнина Багдад, секоја година е посетувана од милиони шиитски верници, кои го одбележуваат еден од најважните денови во нивниот верски календар, денот на загинувањето на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед.
Имамот Хусеин и неговиот брат Абаз и нивните 70 приврзаници се убиени во 680 година во Карбала во битка со војниците на Омајадскиот калиф Јазид. Жените и сестрите на убиените од војниците на Јазид биле земени со нив во Дамаск. Таму, на калифот заедно со нив му била донесена и главата на Хусеин. На 40-от ден по смртта на имамот Хусеин, неговата сестра Зејинаб се вратила во Карбала од Дамаск, носејќи ја со себе главата на нејзиниот брат која ја закопала во неговиот гроб.
На крајот од ноември или почетокот од декември шиитските муслимански верници почнуваат со славењето на празникот Ашура, годишнината од смртта на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед. Во муслиманската традиција, на денот на Ашура верниците се потсетуваат на најзначајните настани од религиозна историја на муслиманите: создавањето на небесата, земјата и морето, раѓањето на Адем (Адам); излегувањето на пророкот Нух (Ное) од ковчегот; одлуката на пророкот Ибрахим (Авраам) да го жртвува својот син Исмаил (во библиска традиција – Исак), ставање крај на страдањето на пророкот Ајуб (Јов); спасението на Муса (Мојсеј). На овој ден, шиите организираат процесии во кои учесниците се удираат со тупаници во градите како и нанесувајќи си повреди со удари со синџири и со остри предмети. Самоказнувањето е персонификација на посветување на верните, еден вид барање искупување за вината за неуспехот да се заштити од смртта имамот Хусеин