
Ослободени се вработените во деловниот центар во Њукасл, на север од Англија, кои еден маж утринава ги затвори и држеше како заложници под закана со нож, соопшти полицијата, напоменувајќи дека не станува збор за терористички инцидент.
Полицијата додаде дека на социјалните мрежи се појавиле наводи дека некои од заложниците се избодени, но истакна дека „тоа не е точно“ и дека се верува дека никој не е повреден.
Во претходното соопштение полицијата наведе дека мажот бил познат во деловниот центар.
На лице место денеска беа распоредени професионални преговарачи, а од претпоазливост беа затворени околните улици и евакуиран блискиот студентски дом, како и Бајкер метро станицата, додадеБи-Би-Си.