Американските специјалци ѝ помагаат на филипинската војска во борбите за Марави

Припадниците на американските специјални сили ѝ помагаат на филипинската војска да ја прекине опсадата на јужниот град Марави на островот Минданао наметната од илитантите кои се блиски на џихадистичката групација Исламска држава, изјавил за Reuters портпаролот на американската амбасада во Манила.

Досега немаше официјална потврда за ангажманот на американски војници во помош на борбата на филипинските безбедносни сили за градот Марави, којашто влегува во третата седмица.

„На барање на филипинската влада, американските специјални сили ѝ помагаат на филипинската војска во операциите за Малави…“, изјавил портпаролот додавајќи дека од безбедносни причини не може да зборува за техничките поединости на американската поддршка на операциите на филипинската војска.

Поради насилствата, повеќето од жителите на Марави, околу 200.000 побегнале од градот, а околу две илјади останаа во замка, во зоните кои ги држат бунтовниците.

Судирите во Марави избувнаа по нападот на безбедносните сили на засолниште во коешто наводно се криел Иснилон Хапилон, кого го сметаат за водач на Исламската држава за Филипини.

За неговото ликвидирање или апсење САД распишаа награда од 5 милиони долари. Тој е воедно и еден водачите на исламистичката група Абу Сајаг, која на Филипини е особено специјализирана за грабнувања и откупи.