Поранешниот секретар и сегашен член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ѓоко Танасоски ќе биде на седмото место на кандидатската листа за пратеници од СДСМ во петтата изборна единица,објави OhridTimes повикувајќи се на свои извори во партијата.
Досегашниот пратеник Митре Вељаноски, кој првично беше најавен на новата кандидатска листа, наводно се откажал од пратечничката функција од засега непознати причини.
Ова не е прв пат СДСМ да менува веќе објавени листи. Истото се случи минатата година, кога најпрво на прес конференција беше најавена една листа, за потоа на стартот од кампањата преќутно во Свети Наум на местото од Драган Пандески да се појави Верица Хајба. Промената тогаш настанала по долги натегања и кавги за листата на советници.