Дел од Кисела Вода утре без вода

Дел од корисниците од високата зона од населбата Кисела Вода утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење, а со намален притисок ќе биде цела населба.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект и изведување на водоводен приклучок со пречник од 200 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ бб, кај новиот кружен тек во населбата Кисела Вода.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“, Скопје не завршат со работата.