Франција истражува своја компанија за финансирање тероризам во Сирија

Франција покрена истрага за активностите на француско-швајцарскиот производител на цемент и градежен материјал „LafargeHolcim“, објави во вторникот државниот обвинител во Париз.

Истргата бил отворена на 9 јуни, а се разгледува можно „финансирање на терористичка група“ и „загрозување на животи“ во Сирија, соопшти канцеларијата на парискиот државен обвинител. Ја спроведуваат три судии, од кои еден е насочен на прашања поврзани со борбата против тероризмот, а двајца на финансиските прашања, дознава агенцијата AFP.

Портпаролката на „LafargeHolcim“ изјавила за агенцијата Reuters дека засега нема коментари на таа тема.

Кон крајот на април годинава од овој производител на цемент и градежен материјал најавија заминување на извршниот директор Ерик Олсен, откако со интерна истрага било утврдено дека компанијата на вооружени групи во Сирија им плаќала своевиден рекет за да го осигура непреченото работење на цементарницата во оваа земја.

Во март годинава во „LafargeHolcim“ признаа дека се служеле со „неприфатливи практики“ за да обезбедат функционирње на цеметарницата во Сирија. Признанието се надоврза на медиумските извештаи од почетокот на годинава дека француската влада покренала обвинение против компанијата „Lafarge“ поради купување нафта во Сирија за потребните на цементарата во Џаланија, со што ги прекршила санкциите.

Компанијата „Lafarge“ ја купила цементарницата во 2007 година и до 2010 година вложила во неа околу 680 милиони долари. Тоа беше најголемото странско вложување во Сирија надвор од енергетскиот сектор. Цементарницата е затворена пред спојувањето на франциски „Lafarge“ со швајцарскиот конкурент „Holcim“ во 2015 година.

Постојат сомневања дека „Lafarge“ купувал нафта во Сирија, кршејќи ја со тоа забраната на Европската унија од 2012 година којашто е дел од поширокиот пакет санкции против владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Според истражувачкиот напис од минатата година кој го објави парискиот дневен весник Le Monde, „Lafarge“ во договор со вооружените бунтовнички сунитски групации во Сирија, вклучително и ултрарадикалната Исламска држава, ја прецизирал заштитата на своите деловни интереси во оваа земја.