Ибраимоски со тужби им се заканува на медиумите, Шекеринска во Брисел ветува дека нема со тужби да ги притискаат новинарите

Лицемерието секогаш било силна страна на СДСМ, па така пред граѓаните кажуваат едно, друго прават реално, исто како што пред мегународните претставници ветуваат реформи за на терен практично и ништо од тоа да не почитуваат. Имено додека нивните министри и функционери им се закануваат на медиумите со тужби за клевети, како неодамнешниот пример со Самка Ибраимоски, кој му се закана со тужба за клевета на порталот „Пулс24“ загрозувајќи ја слободата на мисла и на пишување, Радмила Шекеринска во Брисел пред високите претставници на ЕУ и НАТО ветува дека нема да ги притискаат новинарите со тужби за клевета и тоа го ветува како работа која во релативно кус рок ќе биде испорачана, пишува порталот Курир.

На новинарско прашање со кои реформи ќе се почне и што е она што СДСМ го ветиле дека прво ќе го испорачаат, во делот на медиумски реформи и однос кон медиумите Шекеринска рече:

 

„Битно е да престанеме да го користиме инструментот наречен тужба за клевета, за да ги притискаме новинарите и ова се работи кои што можеме, да кажам во релативно кус рок да ги испорачаме“

 

Едно ветува Шекеринска надвор, сосема на друг начин се однесуваат нивните министри дома. Имено Самка Ибраимоски за напишан текст од страна на порталот „Пулс24“, во кој порталот се повикува на текст на „Дневник“ од 2004 година, во кој детално се опишува како Самка Ибраимоски, кој во тоа време е заменик министер во МТСП во Владата на СДСМ, во магацините на својата фирма „УНИУС-ИС“ од Тетово, каде изработувал амбалажа за компанијата „Тузланска сол“ во исто време ја користел амбалажата за пакување на бугарска сол, кој потоа ја продавал под брендот Тузланска на пазарот во Косово и Србија, што тогаш стигнало и до управата на самата компанија од Тузла кои ги посетиле магацините на Ибраимовски.

Самиот факт што Ибраимоски не покренал тужба проtив „Дневник“ своевремено, во текстот поткрепен со сведоштво на претставник на оштетената компанија, а сега се заканува на порталот „Пулс24“ кој се повикува на истиот текст, кажува само едно, дека Ибраимовски единствено што сака е да ги замолчи медиумите и новинарите да не обелоденуваат ништо од неговото сомнително минато.

Останува да видиме дали Шекеринска ќе го исполни ветувањето дадено во Брисел, за непритискање врз медиумите, или сепак ќе продолжат заканите врз новинарите на министрите и владините функционери кон медиумите и новинарите, кои очигледно се мотивирани од нивниот шеф Заев, кој јавно од партиска пресконференција посочуваше медиумски куќи како негови најголеми партиски непријатели.

Дали Шекеринска ги известила во Брисел за овој манир на својот шеф да се заканува на медиумите кои немислат како него е прашање на кое очекуваме одговор.