Департизацијата на Заев: За државен секретар во МВР именувана координаторката на советничката група на СДС во Карпош

Координаторот на советничката група на СДСМ во општина Карпош, екс државен советник во Министерството за одбрана, и шеф на кабинетот на Оливер Спасовски, Магдалена Несторовска е именувана за државен секретар во МВР.

-Координаторката на советничката група на СДС во скопската општина Карпош, Магдалена Несторовска именувана за државен секретар при министерството за внатрешни работи. Сега по логика ние граѓаните треба изборот на Магде да го чествуваме како предвесник од проектот за живот во Македонија на Заев како гест на чиста департизација? Дефинитивно на политичката сцена се враќаат кадрите од 2002 година. Патем Магдалена Несторовска на македонската јавност и е позната и по „хуманиот“ гест на нечовечност кога на 26 февруари 2004 година денот кога во близина на Мостар падна авионот во кој беа претседателот Борис Трајковски и неговата делегација и кога целата нација беше во бунило Магде во својство на државен секретар во министерството за одбрана го одобри и реализира решението на Владо Бучковски како министер на тој ресор за итно префрлање на 20 милиони денари од министерството за одбрана на фамозната МЏТ ФОП, пишува Славчо Неделковски на Фејсбук.