Собранието треба да ги именува замениците министри

Доцна синоќа, по полноќ предлогот на премиерот Зоран Заев за заменици министри влезе во собраниска процедура. Како што пишува 24вести, се очекува замениците како дополнителна точка на дневниот ред на седницата да се гласаат.

Фаворитите на Заев се Беким Максути за заменик во одбрана, Агим Нухиу во МВР, Оливер Ристовски во правда, Арта Точи во МНР, Ширете Елези во финансии, Кире Наумов во економија, Власте Димковиќ во земјоделство, Гоце Чакаровски во здравство, Јани Макрадули во животна средина, Висар Гани во образование, Елми Азири во труд и социјална политикa,  Дејан Павлески во локална самоуправа, Ремзи Мехмеди во транспорт и врски, Александар Бајдевски во информатичко општество и админситрација и Владимир Лазовски во култура, пишуа 24Вести.

Пратениците во 1 часот и 35 минути по полноќ добија смс пораки дека предлогот за заменици министри е во собраниска процедура.