Вандали одново ја ишараа „Малата сирена“

Непознати вандали ја полеаја со сина и бела боја познатата бронзена статуа „Малата сирена“ во центарот на Копенхаген, објави полицијата на Twitter што е втор ваков инцидент во последните две седмици отако еден од симболите на данската престолнина беше ишаран со црвена боја.

Статуата висока 1,5 метар, најпознатиот симбол на Копенхаген, пред две седмици беше од „главата до опашката“ бојадисан во црвена боја. Полицијата тогаш објави дека причината веројатно за тој вандализам бил протестот против ловот на китовите на Фарските острови.

Овојпат причината е позагаточна. Под скулптурата е напишано „ослободите го Абдула“. Полицијата во средата на Twitter објави дека трага по русокоса девојка, висока 1,70 метар.

„Изминатата ноќ Малата сирена ја бојадисаа во бела и сина боја. На земјата имаше натпис ’Ослободете го Абдула’’, објави во средата утрото данската полиција. По неколку часа во новото соопштение беше објавено дека полициските службеници завршиле со испитувањето на лице место и оти градските служби ја мијат статуата.

мала сирена

Весникот Politiken потсетува дека за петнаесетина дена статуата посветена на ликот од бајка на Ханс Кристијан Андересен, е ишарана од вандали. На 30-ти мај кога бепе обоена во црвено, на асфалтот пред статуата беше напишана пораката „Данска, заштитник на китовите на Фарските острови“, против ловењето и колењето на тамошниот вид китови познати и како „црни делфини“.

Статуата „Малата сирена“ во копенхашкото пристаниште е посавена во 1913 година, речиси и да нема боја во којшато досега не е бојадисана, но и беше тешко оштетувана.

Двапати, во 1964 и во 1984 година ѝ беше откинувана главата, при што првиот пат овој дел од скулптурата не е пронајден и морало да биде изработен нов. Во 1998 година исчезна но потоа беше пронајдена бронзената рака на скултурата, а во 2003 година непознати лица со помош на експлозив ја симнаа 175 килограми тешката статуа од камениот постамент.

Градските власти повеќепати ја разгледуваа можноста да ја поместата статуата неколку метри во внатрешноста на пристаништетот со што ќе се оневозможи копнен пристап до неа, но десега оваа иницијатива не добиваше поддршка.