Маж во Франција ја убил својата сопруга врзувајќи ја за шините пред возот кој наближувал, а потоа се самоубил, пишува во четвртокот весникот Le Parisien.
Ициндетот со брзиот воз на линијата меѓу Париз и Нант се случил во департмантот Ер-е-Лоар ноќта кон понеделникот, но причината остана непозната во следните неколку денови.
Полициските иследници кои дошле на местото на настанот пронашле тело на жена искасапено на парчиња од возот. Нејзините нозе биле врзани со ленти за шините, а на рацете, исто така, останале траги од леплива трака.
Недалеку од ова место било откриено и друго тело, на маж. Во близината бил паркиран автомобил, што овозможило брзо да биде утврден идентитетот на жртвата.
Загинатите биле идентификувани како 34-годишната Емили и нејзиниот сопруг 37-годишниот Гијом. Двојката била во брак околу две години и имале четири деца, три од претходните бракови и едно заедничко речиси едногодишно бебе. Во време на трагедијата живееле одвоено.
Според сознанијата на истрагата Гијом страдал до депресија бидејќи трите последни години бил без работа. Околу три часот кобното утро тој му ѕвонел на дедото на неговите деца барајќи да се погрижи за нив. Потоа ја земал сопругата од нејзиниот дом.
Истрагата во моментов се обидува да дознае како тој ја убедил жената да влезе во автомобилот. Исто така, се вршат токсиколошки и други експертизи.