
Американскиот потпретседател Мајк Пенс го ангажираше приватниот адвокат Ричард Кален кој треба да му помогне во истрагата во врска со обвинувањата дека наводно Русија се мешала во американските претседателски избори и се договарала со изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп.
Портпаролот на потпретседателот Мајк Пенс, потврди дека е ангажиран адвокатот Ричард Кулен од компанијата „McGuire Woods“ за да му помогне во одговорите на прашањата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер во рамките на двете истраги во сенатските комитети.
Кален е адвокат кој има канцеларија во американската сојузна држава Вирџинија, а работел како јавен обвинител за областа на источна Вирџинија.
Претходно во мај и претседателот на САД, Доналд Трамп, го ангажираше адвокатот Марк Касовитц како свој приватен адвокат во врска со истрагите за наводното руско мешање во американските претседателски избори.
Специјалниот иследник Робет Мјулер и неколку специјални независни комитети водат истрага во врска со можната поврзаност меѓу изборниот штаб на Трамп и руски обиди изборните резултати да бидат свртени во негова полза.
Американските медиуми редовно повикувајќи се на неименувани извори известуваат за наводни контакти меѓу членовите на изборниот штаб на републиканскиот претседател и руската влада. Паралелно иста истрага води и Федералното истражно биро (FBI).