Маж со нож уапсен пред британскиот парламент

Британскита полиција уапсила во петокот маж за кој се сoмневала дека е вооружен со нож, откако тој викајќи се стрчал во правец на еден од влезовите во парламентот во Вестминстер, во центарот на Лондон.

Мажот на возраст од 30 години е уапсен, објави полицијата. Според очевидци, тој трчал кон еден од влезовите во парламентот, на истото место каде што пред три месеца вооружен напаѓач уби полицаец, пренесува Reuters.

Втор сведок наведува дека видел како полицијата со оружје му се заканувала на човекот. Снимките од местото на настанот покажуваат маж на земјата над кој има полицаец со вперено оружје. Малку подоцна уапсениот е сместен во полициско возило, јавил репортерт на Reuters од местото.

Парламентот бил известен за инцидентот. Влезовите во британскиот парламент биле затворени и полицијата ги изведувала редовните патролирања.

На 22 март годинава Калид Масуд се довезол со автомобил до пешачката зона на мостото Вестминстер и потоа со убод со нож усмрти полицаец кој паднал пред парламентот. Самоубиствениот бомбашки напад на концерт во Манчестер и смртоносниот напад со возило и ножеви на Лондонскиот мост го поттикна засилувањето на безбедноста и поголемото присуство на полицијата, особено пред одржувањето на парламентарните избори минатиот четврток.

Серијата терористички напади во Велика Британија следеше откако последен пат претходно земјата се соочи со тероризмот во јули 2005 година, кога четворица британски исламисти во лондонската подземна железница убија 52 лица.