Мијалков денеска на распит во СЈО

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство. Против него ова Обвинителство досега има отворено три истраги.

Тој е осомничен во случајот „Таргет“ за масовно незаконско прислушување на граѓани, политичари, новинари и бизнисмени во УБК. Осомничен е и во случајот “Трезор“, како и во случајот „Тортура“.

Од СЈО не откриваат за кој случај и во кое својство е денеска на распит Мијалков.