
Синоќа околу 8 часот во Единицата за известување и командување Скопје, С.В. пријавила дека во менувачница, лоцирана кај Авто-мото сојузот на Македонија, непознат сторител извршил разбојништво во обид.
Сторителот со закана со пиштол и ги побарал парите, но кога почнала да вика за помош сторителот избегал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.