Додавањето масло на месото и овошје на скарата можеби звучи како добра изјава, но е всушност многу лошо за здравјето, сметаат германските научници.
Имено, капките од масло коишто паѓаат на огнот предизвикуваат појава на чад кој содржи штетни состојки кои доаѓаат во храната. Станува збор за супстанции коишто се сметаат за канцерогени, па треба да се избегнуваат, предупредуваат експертите.
Решението се состои маринирање на храната пред биде ставена на скара, а колку долго треба да биде маринирана, зависи од маринадата и од она што се наоѓа во неа. Готовата маринада може да се купи во продавниците или многу лесно да се направи дома. Благодарејќи на неа месото и зеленчукот имаат многу подобар вкус.
За да се избегнат штетните последици по здравјето, подобро е да се провери дали месото е готово така што ќе го загризете, отколку парче да се отсече со нож. Коа хамбургерот би се проверувал со нож, може да дојде до истекување на месните сокови на огнот.
И за оние кои се многу претпазливи, месните сокови може да се собираат во алуминиумски сад или за скараџиска тава, советуваат стручњаците.