Во средбата од првото коло на Групата А од фудбалскиот Куп на конфедерациите, во рускиот град Казан, Португалија и Мексико одиграа без победник 2:2 (1:1).
Европските прваци двапати беа во водство, но натпреварот кој мина во голем интензитет, Мексиканците успеаја да се вратат во завршницата од полувремињата.
Стрелци за Португалија беа Рикардо Кварезма во 34 и Седрик во 86 минута, додека головите Мексико ги постигнаа Хавиер Ернандез во 42 и Хектор Морено во првата минута од судиското продолжение на мечот.
Во првиот натпревар од оваа група домаќинот Русија во саботата во Санкт Петербург го совлада Нов Зеланд со 2:0 (1:0).
Во средбите од второто коло, на 21 јуни, се среќаваат Русија – Португалија и Нов Зеланд – Мексико.