Врховен ќе одлучува за притворите на Едмонд Темелко и Владимир Талески

Кривичниот совет на Врховниот суд  на седница која ќе биде затворена за јавноста, ќе расправа по барањето на специјалното јавно обвинителство за законитоста при одлучување за притвор за градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко и за одлуката за притвор на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Темелко е осомничен во случајот „Титаник“ кој се однесува на сомневања за изборни нерегуларности извршени во 2013 година, а Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер“ за малверзации со превозот на ученици во Битола.