Елка висока 18 метри во златна боја вчера почна да се поставува на просторот меѓу фонтаната „Воинот на коњ„ и кафеаната „Пелистер“.
И годинава Град Скопје украсувањето на централното подрачје го додели на фирмата Линк медија плус која има задача до 15 декември да му го облече новогодишното руво на градот. Новина е што ќе биде поставена уште една новогодишна елка, помала и во среберена боја на плоштад Карпошово востание.
Две недели пред најлудата ноќ излозите на продавниците и бутиците во Градскиот трговски центар добија празничен изглед, а поставени се и декорации на уличните светилки.Низ ГТЦ се поставени украси кои уште повеќе ја разубавуваат божикната магија во градот.
На улица Македонија се предвидува поставување на ѕвездено небо, а во план е да има и нови топки-лустери.
Булеварот Партизански веќе го красат светлечки фигури во облик на снегулки.
И другите општини во градот почнаа со празничното декорирање.