Директорот на бугарскиот Национален историски музеј Божидар Димтров во гостување во емисијата „Денот во живо“ по повод на посетата на Зоран Заев во Бугарија , кој се поклони пред споменикот на Цар Самуил, на кој пишува: „Цар Самуил, бугарски цар“ и прифати воедначување на македонската со бугарската историја, смета дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека Република Македонија треба да има име во кое нема да фигурира името Македонија, како што всушност сакаат Грците.
„За јазикот на кој ќе биде потпишан, одамна најдовме формула. За нас Бугарите, за успокојување на нашата совест. Јас бев прв кој потпиша договор и ме пресретнаа од разузнавањето за 17 договори, кога ги прекинавме опструкциите да не потпишуваме договори на македонски. Кажавме дека македонскиот јазик е писмена форма на еден бугарски вардарски дијалект и тоа навистина е така“. Вели Димитров.
На прашањето на каков јазик го потпишал, тој одговара „на македонскиот, кој е дијалект“. „Кој е писмена форма на на еден бугарски дијалект’.
Новинарката го запрашува колку всушност е среќен и спокоен во моментов, тој велиу: – Многу сум среќен.
Запрашан за спорот за името, тој вели:
„Грција ќе продолжи до крај и никаков притисок нема да ја отргне од тоа. За името, ако тие инсистираат да им остане името, нема шанси. Грците кажаа дека никакво сложено име во која фигурира ззборот Македонија нема да прифатат. И се во право, затоа што тоа е дел од нивното историско наследство. Античка Македонија е дел од грчкиот народ и грчката државност и таа во целост се развива на територијата на денешна Грција, на една тесна ивица почнувајќи од Солун завршувајќи на албанските планини“.
Според вас Грција нема да отстапи . Тоа што ние отстапуваме дали ќе и помогне на Македонија? Вели новинарката
Новинарката констатира и дека најверојатно Заев сега ќе добие закрила од Бугарија.
На што Димитров вели: „Абе не можеме да ги закрилуваме. Нека се откажат од тоа име, не може така“.