
Кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдулазисго именуваше во средата својот 31-годишен син Мухамед за нов престолонаследник наместо својот роднина Мохамед бен Најеф, кој е сменет.
Според кралскиот указ кој го објави службената саудиска новинска агенција SPA, младиот Мухамед бин Салман е именуван за помошник на премиерот задржувајќи ја истовремено и функцијата министер за одбрана.
Принцот Мухамед бин Наjеф бин Абдулазис Ал Сауд, според одлуката на монархот, е сменет и од должноста помошник на премиерот и од министер за внатрешни работи.
Станувајќи клучна личност во саудиската монархија, младиот Мухамед бен Салман го потврдува со ова својот молскавичен подем откако беше именуван за министер за одбрана, потоа за помошник на престолонаследникот, набрзо откако неговиот татко дојде на престолот на почетокот од 2015 година, по смртта на неговиот полубрат Абдулах.
Според извештајот на Reuters, иако унапредувањето на Мухамед бен Салман беше очекувано, сепак претставува одредено изненадување имајќи предвид дека сунитска монархија во моментов се соочува со зголемени тензии во односите со Катар и со шиитски Иран, како и со кризата во соседен Јемен.