Двајца италијански неофашистички екстремисти се осудени во средата на доживотен затвор поради терористичкиот напад пред 43 години, со што е завршен еден од најсложените и најдолги судските случаи поврзан со повеќе од две децении десничарските и левичарски терористички напади во Италија.
Доживотен затвор добија 82-годишниот Карло Марија Маџи и 64-годишниот Маурицио Трамонте, потврди највисокиот италијански апелационен суд.
Им се судеше за подметнување бомба во текот на синдикален антифашистички собир на 28 мај 1974 година во Бреша, околу 100 километри источно од Милано. Тогаш загинаа осум луѓе, а околу стотина се ранети.
Маџи би можел да ја отслужи казната вон затвор поради неговата возраст. Тирамонте неодамна е уапсен во Фатима во Португалија во обид за бегство.
Во Италија во текот на таканаречените Оловни годни, меѓу доцните 1960-те и 1980-те години, загинаа 455 луѓе, а 4.529 беа ранети во повеќе од 5.000 политички мотивирани атентати и терористички напади кои ги извршиле екстремните десничари и екстремните левичари.
Најсмртоносниот се случи во 1980 година на главната железничка станица во Болоња, кога во експлозија загинаа 85 луѓе, а околу 200 беа повредени.