
Една од главните цели во новиот петгодишен мандат ќе биде привлекување на странските инвестиции од страна на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.
Тој пред жителите на Росоман истакна дека негова цел и понатаму ќе биде економскиот раст и развој на Македонија
„Каде и да одев, ја промовирав македонската економија, македонските можности. И во следниот мандат, приоритет ќе ни бидат држава и економија кои создаваат нови работни места. Ја бараме вашата поддршка за да продолжиме да работиме на развојот на земјоделството, сточарството, инфраструктурата“, рече Иванов.