
Македонија е земјоделска земја, а државата им го вреднува трудот на земјоделците, истакна Иванов во своето обраќање пред жителите на Росоман.
„Знам колку сте посветени на земјата. Кога и да посетам земјоделски краишта, секогаш наоѓам трудољубиви и чесни луѓе. Луѓе-работници, кои со свои раце го печалат својот леб.Македонија е земјоделска земја. Државата вистински го вреднува трудот на земјоделците. Од 2006 година досега се исплатени 550 милиони евра субвенции на земјоделците. Годинава веќе се исплатени околу 70 милиони евра субвенции на лозарите, сточарите, овоштарите и други, а до крајот на годината ќе се исплатат уште 140 милиони евра. Инвестирањето ќе продолжи за да се отворат многу нови работни места“, рече Иванов пред граѓаните.