Два нови потреса како продолжение од треперењето на почвата од минатата седмица во неделата чии епицентри потекнуваат од охридското епицентрално подрачје, регистрирашее Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, и притоа информира дека нема извештаи за материјални штети или настрадани.
Првиот земјотрес бил во 13 часот и 46 минути со Рихтерова локална магнитуда 3,3 и е почувствуван во Охрид, Ресен и Струга со интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.
Вториот беше во 13 часот и 51 минута со Рихтерова локална магнитуда 2,5 и интензитет од III степени споредистата скала во истото подрачје.