Тринаесет земји членки на Европската унија во понеделникот изразија поддршка за предлогот Европската комисија да биде телот коешто би преговарало со Русија околу забелешките за новиот руски гасовод Северен тек 2 кон Германија, додека Германија жестоко се спротистави.
На неформалната расправа на министрите за енергетика на ЕУ, германските партнери во блокот од сега 28-те земји членки се изјаснија против планот рускиот гасовод Северен тек 2 од рускито балтички брег директно да испорачува двојно повеќе природен гас отколку досега за Германија.
Членките на ЕУ есенва директно ќе гласаат за барањето на Европската комисија да ѝ се одобри мандат да преговара со Русија во името на делата Унија, но Германија како главен корисник на гасоводот на тоа гледа како на исклучиво комерцијален проект. Канцеларката Ангела Меркел минатата седмица изјави дека во тоа не гледа никаква улога на ЕК.
Во рамките на ЕУ е забележлива длабоката поделба околу прашањето на деловната соработка со Русија, земја којашто го покрива повеќе од третина од потребите од гас на ЕУ а последните месеци од минатата година достигна повеќекратни рекордни нивоа на испораките на природен гас кон земјите членки, и покрај санкциите против Москва поради нејзината наводна улога во кризата во Украина.
Функционери на ЕУ во доверба признаваат дека се надеваат оти директните преговори со Москва ќе бидат решени со одложување на проектот по 2019 година, со што рускиот државен извозник „Газпром“ би останал без адути кога ќе разговара за транзитнтие единици за Украина, сегашната рута за поголем дел од испораките на руски гас за ЕУ, што според руските амбиции од пред повеќе години и пред украинската криза поради неколкуте ткн „гасни војни“ со својот сосед сака да ја заобиколи.
Германија, Франција и Австрија, чиишто главни енергетски компании се партнери на рускиот „Газпром“ во проектот Северен тек 2, во понеделникот не сакале да се изјаснат.
„Имаме тринаесет делегации кои интервенираа и сите ѝ даваат поддршка на Европската комисија. Многу сум оптимистичен дека ќе го добиеме мандатот, но јасно ми е дека ова е само почеток на расправата“, изјави претставникот на ЕК, Марош Шефчович.
Поддршка на ЕК ѝ даваат источноевропските, балтичките и нордиските земји, како и Италија. „Германија има комерцијални интереси, но мора да го појасни својот став“, вели висок функционер на ЕУ.
Источноевропските и балтичките земји стравуваат дека уште повеќе ќе се зголеми зависноста од „Газпром“ и оти ќе биде отсечена Украина, што е и главната интенција на двата проекта Северен тек и Јужен тек, сега познат како Турски тек. Бидејќи гасоводот ќе ја заобиколува Украина, којашто Русија повеќепати ја обвинуваше за поткрадување на гасот наменет за потрошувачите во ЕУ, Италија е загрижена од можното зголемување на цените на гасот за потрошувачите кои се пооддалечени од рутата бидејќи во крајната цена ќе бидат вкалкулирани и давачките за транзитните земји.
Нордиските земји како противење на гасоводот ги споменуваат безбедносните причини бидејќи тој минува во близина на нивните брегови, под Балтичкото Море, каде што и НАТО и Русија ги засилија своите воени активности.
Данска дури размислува и за измена на законите за да може да ги забрани гасните проекти како Северен тек 2 и ја поздрави намерата на ЕК тој проект да биде подвргнат на правилата за енергетика на ЕУ кои спречуваат добавувачите на енергенси да ја поседуваат инфраструктурата. Но токму поради тоа, „Газпром“ во проектот им понуди удели до 50 отсто од вкупниот обем на западните компании.
Полска, која е еден од најгласните противници на Северен тек 2 и критичар поради него на Германија, ги повика членките на ЕУ на заеднички став и суспендирање на издавањето на дозволата за проектот додека трае расправата.
Очекувано украинското министерство за надворешни работи „предупредува дека Северен тек 2 би имал опасни последици за европскиот блок“. Украина е загрозена дека во иднина ќе мора да го купува истиот гас преку европските добавувачи за повисока цена и оти тогаш ќе ја загуби политичката закрила до Западот како што сега ја ужива во преговорите за цената со Москва.
На крајот ситуацијата дополнително ја комплицира и заканата на САД дека во рамките на новите санкции против Русија ќе ги казнат западните компании вклучени во проектот Северен тек 2, меѓу кои се компаниите Uniper, Wintershall, Shell, OMV и Engie.