Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ ќе купуваме поевтини бензини и дизел.
Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат за 3,48 отсто.
Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 60.50 односно 62.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.5 денари, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 46.50 денари.