Целта на функционирњето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата, реагираат во петокот од партијата.
„СЈО води политички процес, чија цел е политичка а не правна, и притоа без да има какви било докази се води хајка против цела една партија. Стотина лица од клучните тела на ВМРО-ДПМНЕ се политички обвинети, без постоење докази“, се истакнува во реакцијата. .
Најголемата парламентарна партија оценува дека СЈО е претворено во „алатка за присила“ врз ВМРО-ДПМНЕ затоа што изминатие идеинаесет години оваа партија е на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, и одолеа многу притисоци и закани.
„Во наредниот период секогаш кога ќе се појават теми решавање на проблемот со името и договор со Грција, штетниот договор со Бугарија, редефинирање на државата, продажба на ЕЛЕМ, штетни и криминални договори, законот за јазици, ќе стане тема и ќе се активира СЈО. Тоа е нивната димна завеса“, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Се предупредува, исто така, дека граѓаните умеат добро да расудуваат и да проценуваат.
„Миговите се циклични. Брзо ќе дојде времето кога сите кои ги повредиле процедурите, законите и нанеле зло, ќе одговараат за ова свое однесување“, се порачува во соопштението.