
Големиот триумф во Фиренца, ќе добие уште повеќе на значење само доколку денеска, фудбалерите на Милан забележат триумф во првенствената пресметка против гостинот од Верона, тимот на Киево.
Предводникот на “росонерите”, младиот холандски стручњак Кларенс Сидорф потврди дека ќе направи неколку измени кога е во прашање почетниот состав и додаде дека Милан се уште е во игра за едно од двете места кои гарантираат настап во групната фаза од Лигата на Европа.
Повторно, најголема опасност, но сега пред голот на Киево, треба да биде контроверзниот напаѓач, Марио Балотели, а офанзивната линија ќе ја комплетираат Кеисуке Хонда, Аадел Тарабт и Рикардо Кака.
Далеку поголема борба и неизвесност се очекува на премиерниот натпревар од 31. коло во италијанската Серија А, дуелот помеѓу екипите на Болоња и Аталанта.