Немирите во Венецуела постојано ескалираат.
Бројот на жртвите во антивладините протести во Венецуела, кои почнаа пред 1,5 месец, се искачи на 37, соопштија властите во Каракас.
Осуммина од загинатите биле припадници на венецуелските безбедносни сили.
Главната обвинителка Луиса Ортега изјави дека во протестите против претседателот Никола Мадуро повредени се 559 луѓе, а 168 се уапсени под обвинение за насилство.
Таа посочи дека се истражуваат 81 случај за наводно кршење на човековите права.