
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот до крајот на 2018 година го продолжи ембаргото на увоз на храна и прехранбени продукти од западните земји, воведено како одговор на санкциите на САД и под нивното влијание Европската унија и другите западни сојузници поради наводната улога на Русија во украинската криза.
Путин со уредна „наложи продолжување на дејството на одделните специјални економски мерки со цел да се осигури безбедноста на Руската Федерација“ до 31 декември 2018 година. И натаму ќе биде забранет увозот на повеќето прехранбени производи од западните земји, повеќето од Европската унија.
Почнувајќи од март 2014 година поради ситуацијата во Украина редица земји и меѓународни организации вклучително САД, ЕУ, Канада, Австралија, Јапонија, Швајцарија, Нов Зеланд, Исландр и други воведоа санкции против Русија.
Рускиот претседател во август 2014 година одговори со „специјалните мерки“ по што владата во Москва го забрани увозот од САД, ЕУ, Норвешка, Австралија и Канада на месо од крупен добиток, свинско место, месо и продукти од живина, солено, сушено и пушено месо, риба, ракови и други морски производи, млеко и млечни производи, млеко и млечни производи, зеленчук, овошје и др.
Според официјалната интернет страница на руската федералната царинска служба во 2013 година Русија на увозот на ваквите производи од споменатите земји потрошила 8,35 милијарди долари, што претставува околу 2,5 отсто од вкупниот увоз за таа година од 317,8 милијарди долари.
Ембаргото е продолжено веќе двапати и секогаш се совпаѓа со продолжувањето на европските економски санкции. Од август 2015 година руската влада на листата на земјите на кои се однесува забраната за увоз на храна беа додадени и Албанија, Црна Гора, Исланд, Лихтенштајн и Украина за која санкциите стапија на сила од 1 јануари 2016 година, Во 2014 година овие земји извезле во Русија вакви стоки во износ од 656,2 милиони долари.
Против Швајцарија и Јапонија, кои се приклучија на западните санкции против Русија во 2014 година, реципрочните мерки не се воведени.
Во средата Европската унија ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци до јануари 2018 година, поради изостанување на примената на договорот од Минск, за што Брисел ја префрла вината врз Москва, којашто, пак, го обвинува Киев дека не сака да преговара со рускојазичните бунтовници од истокот на Украина.