
Националната архива на САД денеска ќе објави 2.500 страници документи од времето кога Бил Клинтон беше на функцијата претседател.
Документите што ќе бидат објавени се однесуваат на Србија, а меѓу нив се и записи на двајцата негови советници, документи поврзани со неговиот последен говор и други прашања.
Ќе бидат објавени и белешки на советникот Мајкл Волдман, задолжен за пишување говори на Клинтон и советникот за домашна политика Ајр Магазинер.
Досега се објавени околу 8.000 страници од претседателските документи на Бил Клинтон, што е дел од околу 30.000 страници претседателската библиотека во Литл Рок, во сојузнаат држава Арканзас.