
Повеќе од 300 летови доцнеле, а 35 се откажани од трите аеродроми во Москва „Домодедово“, „Шерметјево“ и „Внуково“ поради лоши временски услови.
На најголемиот московски аеродром „Шерметјево“ пријавени се доцнења на 284 летови, а 35 се откажани, од аеродромот „Домодедово“ доцнеле 53 летови, а на третиот по големин московски аеродром се пријавени 11 доцнења.
https://www.youtube.com/watch?v=M8rNXMLIxaM
Градските и властите од регионот на Москва претходно предупредија дека областа околу руската престолница повторно ќе биде зафатена од силен дожд, град и силни удари на ветер.
Руската новинска агенција ТАСС наведува дека вчерашната количина на дожд соборила два претходни рекорди.