Ѓорчев: СДСМ не може вечно да се бега од судот на народот, луѓето се загрижени за својата држава и за замрзнатите инвестиции

СДСМ ќе заврши со убедлив пораз пред граѓаните на Македонија. затоа се сите овие приказни за избегнување и одложување на локалните избори. Затоа минатата година неколку пати имаше одложување на изборите каде што на Македонците им се порача „не смеете да гласате“, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за Алфа телевизија.

Како што рече Ѓорчев , чуѓето ги знаеја резултатите од агенциите и затоа требаше да се направи една поширока операција која резултираше со постизборен инженеринг, но не може вечно да се бега од судот на народот.

„Луѓето се загрижени за својата држава и гледаат што се случува. СДСМ не испорачува во ниту еден елемент, еден сегмент каде ја бараше довербата на граѓаните. Никој од нив нема намера да зборува за зголемување на пензиите, платите. Никој од СДСМ нема намера да каже еве во тој и тој град ќе донесеме нова фабрика и ќе се вработат 200,300,500 луѓе. Улогата на СДСМ е прилично јасна, да испорача она на што се обврзале, она на што огромен број на македонски граѓани се спротивставуваат и во сите тие битки, по победник е народот, бидејќи тој игра на домашен термин“, вели Ѓорчев.

Оваа влада, продолжи пратеникот на ВМРО-ДППМНЕ, покажа голема неподготвеност, да не зборуваме тука за големите кризи како во 2008 година кога светската економија имплодираше, ние зборуваме за запален отпад во Струга коишто десет дена не можеа да го изгаснат, ние зборуваме за мала обична поплава во тетовски Порој каде што до ден денес не е проценета ниту штета, ниту извадени се багери, ниту нешто е санирано.

„Зборуваме за мали кризи, имало и порано во Македонија берба на праски, но не била ваква состојбата, ние пред година две имавме ситуација кога во Македонија секој месец или се отвораа фабрики или се поставуваа камен темелници или се објавуваа одлуки за инвестирање. Сега истите тие ги имаат замрзнато инвестициите во Македонија, второ никој од влада им крева телефон, нема никој кој ќе им рече дојдете во Македонија да се доврши фабриката. Меѓународни институции велеа дека Македонија е најдобра во привлекување на инвестиции или меѓу најдобрите во Европа, но гледаме дека целата работа е ставена во лер и за жал економијата ќе трпи“, појасни Ѓорчев.

Порача дека неговата партија нема да дозволи државата да му биде одземена на народот, оваа држава и припаѓа на народот и врз Македонија ќе огрее ново сонце.