Македонската одбојкарска репрезентација се пласираше во финалето на Европската лига откако во саботата вечерта го совлада домаќинот Данска со 3-2 во сетови.
За Македонија ова е четвртото учество на Ф4, а амбициите се првпат во историјата да се освои трофејот, кон што македонските одбојкари уверливо чекорат.
Македонија во недела ќе го одигра натпреварот за првото место против Украина, која попладнево ја совлада Шведска. Финалето е со почетокот во 19 часот.
Натпреварот за третото место меѓу Данска и Шведска е утре во 16 часот.