Премеирот Зоран Заев го крие договорот за добрососедство со Бугарија затоа што тој прави штета на државата и награѓаните и сака се помалку да се зборува за тој договор, реагираа во понеделникот од ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека целиот процес околу ова прашање се води крајно нетраспарентно и далеку од очите на македонската јавност, која директно ќе ги чувствува ефектите од него.
„Мина еден месец од договорот кој Заев не ѝ го обелоденува на јавноста, а со кој се однесува на македонската држава. Многу е јасно дека Заев не сака да се знае за штетниот договор“, се вели во сооопштенеито.
Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека токму ваквото однесување и штетниот договор кој го преговара Заев отвора тендеција со која се задира во постоењето на македонската држава.
„Затоа лушнавме изјави како онаа на коалицискиот партнер на СДС дека Илинденското востание било бугарско, навивачите од Бугарија кои напишаа дека Македонија е бугарска, па се’ до изјавите дека имаме заедничка историја која не е само македонска, дека македонски јазик не постои итн, изјавите на Божидар Димитров, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и дека спроведувањето на договорот кој Заев го договорил ќе значи крај на македонизмот, изјави кои Заев не ги осуди, ниту демантираше, што како премиер е должен да го прави“, се потсетува во денешното соопштение.
Се потетува, исто така, дека Заев во текот на изборната кампања ветуваше експертски дебати и јавни расправи за секое позначајно општествено и државно прашање.
„Македонските граѓани од Заев не добија одговор што договорил во Софија, но затоа го слушнаа Заев кој отиде и чекор натаму па не само што не ги осуди бугарските националистички изјави, туку од Софија си ја обвини сопствената држава дека ширела национализам и омраза, без да каже кога и кон кого Македонија ширела национализам и омраза“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Се спротиставуваат и на изјавата на Заев од Софија дека одредени термини ќе бидат избришани од македонските учебници по историја, без притоа да каже кој и како ќе одлучува што да биде бришено, директно отворајќи простор за „историски инжинеринг“ врз македонската нација и држава.
ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека е за градење на добрососедски односи, со сите наши соседи, базирани на заемно почитување и обостран напредок и развој, но никогаш нема да се согласи на нешто што е во спротивност со македонските државни и национални интереси.