Многу од жителите биле изненадени, повеќето за прв пат во својот живот виделе снег.
Медиумите јавија дека после цели 112 години прв пад паднал снег. Над 1500 војници работат на расчистување на снегот, а повеќето од граѓаните се заглавиле со сообраќајот изненадени од снежната покривка.
Сепак климатските промени си го прават своето, а овој пат им донесоа радост на децата кои досега гледале снег само на телевизија.
Снежната покривка е околу шест сентиметри, а температурата се движи меѓу пет и 15 степени.
Снежната бура продолжува накај Ерусалим.