СДСМ: Со нестручното и криминално работење, ВМРО-ДПМНЕ направи пустош во инфраструктурата

Пропустите во изведбата на автопатот Кичево – Охрид се уште еден доказ за тоа каков инсфраструктурен пустош создаде 11 годишното криминално, неодговорно и нестручно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, преку кое се богатеа поедници, а стотици илјади граѓани беа осиромашени. Истрагите и обвиненијата за автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип се доказ дека таканаречените инфтаструктурни проекти на ВМРО-ДПМНЕ се полни со криминал и коруппцијам, тврдат од СДСМ.

 

Од владејачката партија најавуваат дека „дополнителни 120 милиони евра пари на граѓаните ќе се потрошат на санација на штетите на автопатот кои се резултат на неодговорно и нестручно работење и на брзањето да се наплатат договорените провизии за кои слушна целата јавност“.