Прандели го посоветува Балотели да не мрда од Милано

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Чеазре Прандели јавно го посоветува контроверзниот напаѓач Марио Балотели дека ќе направи голема грешка доколку си замине од редовите на Милан за време на летниот преоден рок.

“Балотели е од голема важност кога е во прашање фудбалската репрезентација на Италија. Важни се сите фудбалери кои го носат репрезентативниот дрес. Сепак, мора да биде во топ форма, да биде максимално подготвен. Сакам така да биде подготвен за престојниот Мундијал во Бразил. Марио е во добри раце, Сидорф знае како треба со големите шампиони, го има потребното искуство. И Сидорф е голем шампион и затоа Марио може да успее под негово водство. Марио секогаш се однесува како што треба кога игра во дресот на Италија, Најдобро за него е да остане во редовите на Милан и да соработува со Сидорф”, изјави Прандели.