Шефот на германската Федерална служба за разузнавање БФВ, Ханс Георг Масен денеска предупреди дека можни се нови терористички напади во Германија имајќи го предвид зголемување на бројот на потенцијални исламистички милитанти.
– Мора да очекуваме нови напади од индивидуалци или терористички групи. Исламскиот тероризам е најголемиот предизвик со кој се соочува БФВ и ние гледаме на него како најголема закана за внатрешната безбедност на Германија – рече Масен, додавајќи дека поседуваат докази за нови потенцијални напади.
Според податоците на БФВ, минатата година во Германија биле регистрирани 24.000 исламисти, вклучувајќи и околу 9700 салафисти на кои годинава им се придружиле нови 400 членови.