Четири нови земјотреси од кои најсилниот со јачина од 3,8 степени по Рихер се регистрирани нќта кон средатаа во охридското епицентрално подрачје.
Утринава во 4,29 часот е почувствуван најсилниот од четирите земјотреси на длабочина од еден километар.
Во 1,02 часот е регистриран земјотрес со магнитуда од 3 степени на кој му претходеа два потреса во 23,37 часот со јачина од 3,2 степена и 23,16 часот од 3,1 степен.
Од 18 јуни до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше завчера во 13,18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.