
Американските власти ја укинаа забраната за внесување поголеми електронски уреди во авионите кои патуваат од истанбулскиот аеродром „Ататурк” кон САД, објави електонското издание на весникот „Сабах”.
Сепак, сите такви направи ќе минуваат на томограф и низ детектори за експлозив.
Претходно, на 21 март американските власти забранија внесување на преносливите компјутери и таблетите на летовите кон САД од неколку арапски земји и Турција, поради безбедносни причини. Со санкциите беа опфатени осум држави, меѓу кои има и сојузници или партнери на САД: Турција, Јордан, Египет, Саудиска Арабија, Куваит, Катар, Обединените Арапски Емирати и Мароко.