
Доколу Владата продолжи со овој начин на игнорирање на опозицијата при креирање на стратешките правци и стратешките документикако што беше случајот со Бугарија, како што е случајот со овој документ 3-6-9, тие самите си ја затвораат за можнора за пристап до пратениците од опозицијата, порача во средата пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„Вчера се појави информација во медиумите преку којашто дознавме дека Владата усвоила некаков план наречен 3-6-9. Од медиумите разбравме дека тој план се однесува на список на реформи кои што Република Македонија треба да ги направи во различни области. Би сакал во име на пратениците од коалицијата ‘За подобра Македонија’, да искажам разочараност и загриженост поради тоа што повторно нема никаков разговор. Ниту формален, ниту неформален со ниту еден од пратениците во опозиција“, рече Димовски.
Посочи дека не постои ниту формален, ниту неформален разговор, како ниту дебата и отанема дебата и нема јавноста е исклучена во носењето на некои круцијални мерки.
„Практично Владата на некаква си своја седница од затворена за јавноста го донела тој план без притоа да вклучи опозиција, јавност, експерти, медиуми и се што потребно за да се изгради некоја патека за заеднички, динамични и успешни реформи на патот кон Европа и НАТО“, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски додаде дека поради тоа што многу често последните два месеца од неколку министри и од премиерот Заев на доаѓаат изјави дека ќе сакаат инклузивност ќе сакаат поддршка од опозицијата и ќе сакаат помош од опозицијата мора да им упати порака дека „не е добро пред еден месец да ветувате инклузивност, да ветувате подадена рака, да барате помош, а денеска да нема ниту разговор, ниту формален, ниту неформален брифинг, ниту каква и да е информација којашто би требало по некои правила на парламентарната демократија да стигаат до нас“.
„Поради тоа што Република Македонија не првпат носи такви стратешки документи, но секогаш досега Собранието и опозицијата биле многу повеќе вклучени во утврдување на приоритети за реформите. Се надеваме дека е почетничка грешка или збунетост, неснаодливост и се надеваме дека некој од Владата ќе најде начин да се извини за тој однос и да го измени тој однос заради тоа што ако очекуваат поддршка од пратениците од опозицијата тогаш ќе мора да покажат реална вклученост во креирањето на политиките. Доколку мислат дека ние треба да ги покриваме нивните грешки тогаш нема простор да се надеваат на тоа“, порала Димовски.