Нова серија земјотреси во охридско

Во саботата утрото во охридското епицентрално подрачје не се регистрирани нови земјотеси, по изминатата ноќ по новата серија потреси, од кои еден беше со јачина од 4,2 степени по Рихтер.

Земјотресот се случил околу полноќ, а епицентарот се наоѓал на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километра.

Следеле и потреси со помала магнитуда од 2,7, од 3,5 степени, од 2,9 и од 3,3, степени по Рихтер.

По овие потреси, досега не се регистрирани други.