На патот Битола – Ниже Поле во петокот вечерта околу 20 часот се случила сообраќајна незгода во која потешко се повредени две лица, извести во саботата СВР Битола чија екипа извршила увид на самото место.
Во сообраќајната несреќе учесвувале автомобил „ауди А6“ со битолски регистарски ознаки управувано од 29-годишниот Г.И. од Битола и возило „ауди А3“, исто така, со битолски регистарски ознаки управувано од 36-годипниот М.Ш. од Битола.
Во незгодата тешки телесни повреди односно фрактура на капаче од десно колено добил М.Ш. кој е пренесен во Клиничка болница Битола каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување, како и сопатничката во автомобилот „ауди А3“, 30-годишната С.Ш. од Битола која добила тешки телесни повреди, односно фрактура на капаче од лево колено, по што е пренесена во Клиничка болница Битола каде и е укажана лекарска помош и е пуштена на домашно лекување.