Во Бугарија веќе работат на договорот, Заев уште го крие од македонската јавност

Додека македонскиот премиер Зоран Заев и неговите соработници ја кријат содржината на договорот со Бугарија којашто ветува дека ќе го потпише наскоро, во Софија за него веќе се дискутира и истовремено е започната процедура за оценување на договорот.

Заев вели дека договорот пред јавноста ќе го објавел само неколку дена пред да биде потпишан, иако во јавноста на големо се стравува од неговата содржина, односно од нагласените црвени линии на Бугарија за непостоење на македонски јазик, непостоење на македонска историја и негирање на македонско малцинство во Бугарија, пренесува Република.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, иницирала разгледување и оценување на договорот во Комисијата за надворешна политика и по нејзино писмо, адресирано до претседателот на Комисијата, Џема Грозданова, договорот е ставен во тајна постапка заведен во деловодникот на Народното собрание на 3 јули, понеделник, во попладневните часови, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на извори од владејчаката партијата ГЕРБ.

Партијата ГЕРБ, во соопштение пратено до медиумите по повод писмото пратено до премиерот Борисов од претседателот на најголемата опозицските социјалисти од БСП, Корнелија Нинова, во врска со договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија и нејзиното тврдење, дека таа не може да се запознае со содржината на договорот, затоа што тој не им е доставен на народните избраници и дека има потреба од негова оцена во Народното собрание, пренесува БГНЕС.

bgnes-640x487

Во соопштението се посочува дека уште на 4 јули народните избраници во Комисијата биле информирани дека можат да се запознаат со пречистениот текст пред заседавањето на Комисијата на 5 јули.

Нацрт-договорот е достапен за секој пратеник во тајното деловодство на Народното собрание.

Членовите на Комисијата го ислушале министерот за надворешни работи за досега постигнатото и дале мислења и предлози во однос на текстот, пренесува бугарската агенција.

Договорот достигнал крајна фаза, фактички таков договор се подготвува од 2008 година, кога е потпишан Меморандум за соработка помеѓу двете држави по прашањата поврзани со европската интеграција. Сите Влади и министри за надворешни работи работеа на договорот.

Претстои последниот 12 круг на преговори, по што се очекува финализирање на текстот. Со финалната варијанта на договорот Парламентот ќе биде запознаен по завршувањето на преговорите, на седница на Комисијата за надворешни работи. Важно е да се напомене дека не се очекува промена на текстот на договорот, затоа што тоа е долг процес на договарање на двете страни на ниво на извршна власт, посочуваат од ГЕРБ.

„Целта на Владата е да го финализира текстот и да пристапи кон потпишување на договорот, ние не отстапуваме од бугарските предлози. Потоа следува ратификација од двата парламенти, како можност за оценка на договорот од страна на Народното собрание. Можно е тој долг процес да заврши пред бугарското претседателство со Советот на ЕУ, за кое сите партии во Народното собрание сме согласни да се стави специјален фокус врз европската перспектива на Западен Балкан и улогата на Бугарија во регионот ни дава основа да веруваме, дека ќе дојдеме до согласност и ќе успееме да и помогнеме на Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ“, изјавиле од ГЕРБ.