Младите македонски ракометари го совладаа Катар

Во првиот од двата контролни, пријателски натпревари меѓу Катар и Македонија кои се играат во Доха, избраниците на селекторот Илија Темелковски славеа тесно, со 25-24, во натпревар со неизвесна завршница. Победата е извојувана со пресврт во второто полувреме, откако во првото Катарците водеа со 16-13.
Вториот контролен меч со Катар ќе се игра утре, исто така во 17 часот по македонско време, по што македонските ракометни надежи (в четврток наутро) се враќа во Скопје, за последните подготовки пред стартот на Светското првенство во Алжир.
Македонија настапот на Мундијалот ќе го почне на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци ќе се сретнат уште со Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Четирите најдобро пласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.